ALK 14,198.61 0.29%

GRNT 1,100.00 -2.91%

KMB 7,946.79 0.59%

MPT 72,503.39

RMDEN18 99.50

RMDEN19 99.70

SLAV 3,011.00 -3.00%

STB 1,191.43 -0.63%

TEL 327.00 -0.30%

TNB 19,563.48 2.97%

страна.мк

2:23 AM 4/13/2021 Времето во Скопје: 3°C

СЗО за Астра Зенека: Врската е веројатна, но не е потврдена

страна.мк

07/04/2021

СЗО за Астра Зенека: Врската е веројатна, но не е потврдена

Советодавната комисија за безбедност на вакцините при Светската здравствена организација соопшти денеска дека причинската врска меѓу вакцината на Астра Зенека против Ковид-19 и ретките случаи на згрутчување на крвта со ниско ниво на тромбоцити, „се смета за веројатна, но не е потврдена“.

Во изјавата издадена по прегледот на најновите глобални податоци, независни експерти велат дека се потребни посебни студии за целосно разбирање на потенцијалната врска меѓу вакцинацијата и можните фактори на ризик.

– Важно е да се напомене дека, иако загрижувачки, ваквите случаи се многу ретки, а мал број се пријавени меѓу речиси 200 милиони лица кои ја примиле вакцината на Астра Зенека против Ковид-19 низ светот, соошти панелот.

Најавено е дека Комисијата ќе се состане повторно следната недела со цел да се разговара за дополнителни информации