ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

2:29 PM 12/7/2023 Времето во Скопје: 14°C

Убиен полицаец во северно Косово, истрели и натаму се слушаат во текот на утрово

страна.мк

24/09/2023

Убиен полицаец во северно Косово, истрели и натаму се слушаат во текот на утрово

Еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет рано утринава во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско во Лепосавиќ, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањска, а како последица на нападот полицискиот наредник А.Б. е убиен, додека ранет е уште еден граничен полицаец.

Курти вели дека истрелите од огнено оружје утрово продолжуваат и натаму.

Денеска околу три часот по полноќ во селото Бањско во Лепосавиќ е нападната косовската полиција, при што еден косовски полицаец е убиен, а друг е повреден. Убиениот е полицаец со чин наредник, додека повредениот е припадник на граничната полиција. Во овој момент продолжува пукањето од огнено оружје од различен калибар кон нашата полиција. Напаѓачите се професионалци со маски и вооружени со тешко оружје, напиша Курти.

Тој го обвини официјален Белград дека е одговорен за нападот кој, според него, е насочен против косовската држава.

Го осудуваме овој криминален и терористички напад. Организираниот криминал со политичка, финансиска и логистичка поддршка од официјален Белград ја напаѓа нашата држава. Во оваа битка го штитиме и спроведуваме законот, ги штитиме и чуваме сите граѓани без разлика и независно Косово. Извршителите и нивните наредбодавачи нема да успеат, ќе бидат фатени, судени и казнети. Владата на Република Косово и државните институции се подготвени и координирани да одговорат на криминалот и криминалците, теророт и терористите. Косовската полиција го извести семејството на убиениот полицаец А.Б. Повредениот полицаец е надвор од животна опасност. Сочувство до семејството и сите за нашиот убиен полицаец. Брзо и целосно закрепнување на повредениот полицаец, напиша Курти.