ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

5:00 PM 7/25/2024 Времето во Скопје: 14°C

Центар ќе мора да плати 1.1 милион евра за договорот кој го раскина Жерновски

страна.мк

10/07/2024

Центар ќе мора да плати 1.1 милион евра за договорот кој го раскина Жерновски

Судскиот процес кој го покрена АД Пелагонија АД Гостивар против општина Центар поради раскинувањето на договорот за изградба на катна гаража на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бб од 2014 година доби разрешница. Апелациониот суд одлучи општината да исплати обештетување од речиси 73 милиони денари.

Тогашното раководство одлучило дека не е потребна катна гаража и средствата ги пренамениле за изградба на училиштето Киро Глигоров. Имајќи во предвид дека постои можност за судска разрешница која ќе биде неповолна за општина Центар, Градоначалникот Горан Герасимовски ги превзема сите активности со цел Буџетот на општината да не биде блокиран, а од друга страна и покрај огромниот износ кој треба да се исплати да не бидат запрени проектите кои се однесуваат на подобрување на животот и секојдневното функционирање на граѓаните на Општина Центар.

Револтиран сум што после маратонските судски процеси, сето ова заврши на штета на центарци. Тековните проекти што ги спроведува општината не смеат да бидат запрени ниту смее да има застој во работата и услугите што ги даваме на граѓаните. Нема да дозволам сметката на општината да биде блокирана. Мораме до крај да ги спроведеме започнатите проекти како градинката во Пролет, модернизацијата на уличното осветлување, доградбата на Коле Неделковски, реконструкцијата на улиците, истакна Герасимовски.

Дополнително, покрај основниот долг, Општината треба да исплати и камати, со што севкупниот долг ќе се дуплира. Се работи за правосилна извршна пресуда што може да биде предмет на присилно извршување пред надлежен извршител.

Општината се соочи со блокирање на сметката за истиот предмет уште во 2018 година, овојпат вели градоначалникот Герасимовски нема да дозволам тоа да се случи.