ALK 14,198.61 0.29%

GRNT 1,100.00 -2.91%

KMB 7,946.79 0.59%

MPT 72,503.39

RMDEN18 99.50

RMDEN19 99.70

SLAV 3,011.00 -3.00%

STB 1,191.43 -0.63%

TEL 327.00 -0.30%

TNB 19,563.48 2.97%

страна.мк

10:26 AM 6/25/2021 Времето во Скопје: 3°C

За Денот на албанската азбука во Липково ќе осамне спомен-кула за УЧК

страна.мк

10/06/2021

За Денот на албанската азбука во Липково ќе осамне спомен-кула за УЧК

Во околината на Слупчане во општина Липково ќе гради спомен-кула на борците од ОНА. Локалните власти ќе потрошат неверојатни 200.000 евра за изградба на споменикот. Во време на пандемија општината реши меѓу приоритетите да биде токму градењето на ова спомен -обележје, пренесе телевизија Алфа.

На сајтот на Бирото за јавни набавки веќе е објавен договорот меѓу општината и компанијата Хоџа инжинеринг од Куманово, која има рок изградбата да ја заврши за шест месеци, односно до 25 ноември. Договорот, со вклучено ДДВ е склучен на сума од 12.115.109 милиони денари, или приближно 200.000 евра.

Телевизија Алфа не успеала да добие одговор од градоначалникот на општина Липково Ерхан Арифи од ДУИ зошто во здравствена криза толку пари се фрлаат на споменик.

Токму на местото, каде што треба да се изгради спомен обележјето, на 2 мај годинава, на 20-годишнината од воениот конфликт,лидерот на ДУИ, Ахмети положи свежо цвеќе, и вети дека спомен-кулата набрзо ќе биде изградена, потсетува АЛФА.

Секако дека денеска почнуваат работите. За изградбата на овој споменик, како што кажав, во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона. На 28 ноември овој споменик ќе биде завршен, рече Ахмети.

Градиначалникот на Липоково неодамна за медиумите изјави дека споменикот ќе биде легално поставен со сите дозволи.