(ВИДЕО) Вучиќ правеше палачинки и служеше војници во касарна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги посети вработените во кујната во касарната во Лозница. Слободно време го искористи да направи палачинки за присутните, а фотографија и видео сподели на Инстаграм со краток опис – „важно е да се учествува“.
„Колку добро ми стои престилката, нели? – Се сеќавам на моите војнички денови, како и вечните желби да имаме палачинки во кантината. Сега дојде време да ја исполнам таа желба на нашите војници. Иако, во оние мои стари тави секогаш ми успеваа, а овде ништо. Подобро да оставам и да ги послужам војниците. Тоа барем ми оди. Момчиња, повелете“, напиша Вучиќ на Инстаграм.