страна.мк лого

4:49 AM 3/5/2021 Времето во Скопје: 3°C

Русковска тврди дека информацијата не протекла од Обвинителството: За притворот на Мијалков знаевме само тројца!

страна.мк

22/02/2021

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска предмалку во изјава за „Сител“ откри дека информацијата за притворот на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков кој е во бегство, во Обвинителството знаеле само тројца.

Русковска нагласи дека не постои можност информацијата за притворот на Мијалков да протекла од Обвинителството.

„Нема таква можност, затоа што првата информација која ја испратив до МВР ја пишував сама во кабинет во попладневните часови во сабота и немаше никој на работа освен мене. Вчера, во неделата, дојдоа само колегите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов веќе со изготвен предлог до судот за определување на мерка притвор, така што освен нас тројца во неделата не знаеше никој. Апсолутно ја исклучувам можноста дека информацијата протекла од Обвинителството“, изјави Русковска.

Да потсетиме, од вчера Мијалков е недостапен за полицијата која не успеа да го пронајде за да му го достави решението за домашен притвор, по што му се губи трагата.

Поради ова, во текот на денешниот ден МВР распиша национална и меѓународна потерница, а во полициска станица на разговор биле повикани неговиот син Јордан Мијалков, неговата сопруга и членови на обезбедувањето.

Сето ова се случува во пресрет на изрекувањето на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ кое е закажано за петок, а токму Мијалков е обвинет за незаконското прислушување на граѓани и уништување на опремата. На поранешниот шеф на УБК за овој случај му се закануваше повеќегодидшна затворска казна.