ALK 14,198.61 0.29%

GRNT 1,100.00 -2.91%

KMB 7,946.79 0.59%

MPT 72,503.39

RMDEN18 99.50

RMDEN19 99.70

SLAV 3,011.00 -3.00%

STB 1,191.43 -0.63%

TEL 327.00 -0.30%

TNB 19,563.48 2.97%

страна.мк

12:15 AM 4/13/2021 Времето во Скопје: 3°C

ЕМА: Згрутчувањето на крвта ќе се вклучи како можен нус ефект од АстраЗенека, вакцината и понатаму да се користи

страна.мк

07/04/2021

ЕМА: Згрутчувањето на крвта ќе се вклучи како можен нус ефект од АстраЗенека, вакцината и понатаму да се користи

Можно е да има поврзаност помеѓу вакцината АстраЗенека и згрутчувањето на крвта кај многу мал број од вакцинираните лица, соопшти попладнево Европската агенција за лекови (ЕМА) во Амстердам.

ЕМА меѓутоа смета дека оваа последица е многу ретка и бенефитите и натаму се поголеми од ризиците. За експертите од Агенцијата мора да продолжи вакцинацијата со сите расположливи вакцини затоа што тие спречуваат тешка форма на болеста и хоспитализација.

Агенцијата ќе ги информира сите здравствени работници како да ги детектираат знаците на згрутчување на крвта кај пациентите, а предупредувањата во упатството за АстраЗенека ќе бидат актуализирани и ќе го содржат згрутчувањето на крвта како можна последица од оваа вакцина.

-По продлабочена студија комитетот за фармаковигилентност на ЕМА заклучи дека невообичаено згрутчување на крвта по вакцинирањето со АстраЗенека треба да биде вклучено како можен несакан ефект, изјави Имер Кук, претседателка на Европската агенција за лекови.

Засега начинот на кој се случува оваа реакција не е јасен, една од можните причини е дека се случува имунолошка реакција слична на таа што се случува кај пациенти третирани со хепарин.

Ризикот од тромбоза по АстраЗенека може да се случи до две недели по вакцинирањето, а можни знаци се краток здив, тешкотии со дишење, болка во вратот, главоболка и заматен вид, меѓу другото.

Доктор Сабине Штраус од ЕМА повика вакцинираните лица да ги информираат брзо и детално здравствените работници за можни нус појави за да се помогне во натамошната анализа на оваа и другите вакцини.

– Лицата кои мислат дека преживуваат нус појава треба што е можно подетално да пријават, рече Штраус.

Во овој момент стапката на пријавување на нус ефекти е еден на 100 илјади во Германија, додека во Обединетото Кралство е околу еден на 600 илјади, што е можно објаснување и за тоа зошто помалку случаи на тромбоза се пријавени во оваа земја.

– Многу зависи од тоа каков е системот на пријавување во секоја земја, и како се идентификуваат случаите, знаеме дека во Германија е направена огромна работа во овој дел, таму стапката е еден на сто илјади, додека во Обединетото Кралство стапката е многу пониска, додаде Штраус.