ALK 15,550.00 0.32%

GRNT 1,200.00

KMB 8,847.67 0.56%

MPT 75,500.00 -0.91%

MZPU 607.00

OKTA 3,450.00 1.47%

REPL 108,000.00

RMDEN16 99.80 -0.89%

RMDEN17 99.80 0.20%

RMDEN19 99.90 0.10%

STB 1,200.00

TETE 2,040.00

страна.мк

10:10 AM 8/1/2021 Времето во Скопје: 3°C

СЗО: „Делта“ сојот на Коронавирус ќе биде доминантен следните месеци

страна.мк

21/07/2021

СЗО: „Делта“ сојот на Коронавирус ќе биде доминантен следните месеци

Светската здравствена организација (СЗО) предвидува дека „Делта“ сојот на коронавирус, кој е позаразен и одговара за повеќе од три четвртини од новите случаи на инфекција, ќе биде доминантен во многу земји во наредните месеци, објави денеска организацијата.

Оваа варијанта, која за прв пат се појави во Индија, сега е присутна во 124 земји и територии, додека алфа сојот од Велика Британија е присутен во 180 земји, бета сојот од Јужна Африка во 130 и гама сојот од Бразил во 78 земји.

СЗО предвидува дека делтата Делта брзо ќе ги надмине другите варијанти на коронавирусите и ќе биде доминантна варијанта во наредните месеци.

Организацијата предвидува и дека бројот на заболени од коронавирус ќе надмине 200 милиони во следните недели.

Причините наведени од СЗО се соеви на вирус што се пренесуваат побрзо, укинување на мерките против епидемијата, поголема социјална интеракција и недоволен број на вакцинирани.