ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

3:07 AM 4/20/2024 Времето во Скопје: 14°C

Запалени три контејнери на Бит Пазар

страна.мк

29/11/2022

Запалени три контејнери на Бит Пазар

Непознати сторители вечерва опожарија три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот Крсте Мисирков, во близина на Бит Пазар.

Опожарените контејнери беа со зафатнина од 3,2 м3 и се целосно уништени и неупотребливи. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад,  ЈП Комунална хигиена-Скопје опожарените садови веднаш ги замени со нови.

Ова е трет случај годинава од страна на непознати сторители да бидат опожарени садови за одлагање отпад на истата локација. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на контејнерите, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи. ЈП Комунална хигиена-Скопје упатува апел до МВР во најкус можен рок  да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.