ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

2:59 PM 3/29/2024 Времето во Скопје: 14°C

Три ракети го погодија аеродромот во Кандахар, Tалибанците се огласија: Го гаѓавме затоа што непријателот од таму удира на нас! (ВИДЕО)

страна.мк

01/08/2021

Три ракети го погодија аеродромот во Кандахар, Tалибанците се огласија: Го гаѓавме затоа што непријателот од таму удира на нас! (ВИДЕО)

Талибанците истрелаа најмалку три ракети врз меѓународниот аеродром во Кандахар во јужен Авганистан, изјави денеска портпаролот на талибанците, наведувајќи дека целта е да се спречат воздушните напади извршени од силите на авганистанската влада.

„ Аеродромот во Кандахар го гаѓавме бидејќи непријателот го користи како центар од каде изведува воздушни напади врз нас“, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на талибанците, Забиула Муџахид.

Официјални претставници на авганистанската влада изјавија дека ракетните напади ги натерале властите да ги прекинат сите летови и дека пистата е делумно оштетена.

Како што наведоа, засега нема извештаи дали има повредени во нападите.