Македонија води 1:0 на полувреме со голот на Барди (ВИДЕО)

Македонија поведе со гол од пенал на Енис Барди во натреварот против Англија во последното коло од квалификациите за Европското првенство Ц-група.
Претходно Англичаните имаа целосна доминација во првото полувреме. Гостите постојано напаѓаат иако играат без најголемите ѕвезди Кејн и Рашворд кои се на клупата за резервни играчи.