ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

8:32 AM 3/29/2024 Времето во Скопје: 14°C

Англија го надигра Велс и го потврди првото место, Пулишиќ го урна Иран

страна.мк

29/11/2022

Англија го надигра Велс и го потврди првото место, Пулишиќ го урна Иран

Фудбалската репрезентација на Англија го потврди првото место во групата Б на Светското првенство, откако триумфираше со 0-3 (0-0) против Велс. Натпреварот на „Ахмад бин Али“ во Ал Рајан понуди мирно прво полувреме, а потоа три гола на „Гордиот Албион“ за 18 минути игра во продолжението.

 Првиот гол беше дело на Рашфорд, откако од слободен удар мајсторски биеше во голманската страна. Ворд беше фатен во расчекор, па Рашфорд стрела за 0-1 во 50. минута. Велс изведен од центарот, топката се врати кај дефанзивците кои попуштија пред пресингот на Англија. Кејн успеа да центрира од десната страна, го пронајде Фил Фоден кој погоди за удвојување на предноста во 52. минута.

Во продолжението темпото на игра опадна, следеа доста промени и играчите како да подзастанаа. Точка на натпреварот стави Рашфорд со својот втор погодок вечерва, па во 68. минута ги постави конечните 0-3.

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ја исполни целта, победи во клучната пресметка против Иран (0-1) и како второпласирана од Групата Б патува во осминафиналето на Светското првенство (СП) кое се игра во Катар.

Од првата сериозна шанса, Американците дојдоа до погодок. Се играше 38. минута кога Кристијан Пулишиќ се жртвува и изведе акробација во казнениот простор по која постигна гол, а потоа се судри со голманот и се повреди. Не можеше да го продолжи натпреварот поради ударот кој го доби во пределот на главата и на стомакот.

Англија заврши како првопласирана во групата Б и ќе оди на мегдан со Сенегал, додека САД ќе игра против Холандија.