ALK 14,198.61 0.29%

GRNT 1,100.00 -2.91%

KMB 7,946.79 0.59%

MPT 72,503.39

RMDEN18 99.50

RMDEN19 99.70

SLAV 3,011.00 -3.00%

STB 1,191.43 -0.63%

TEL 327.00 -0.30%

TNB 19,563.48 2.97%

страна.мк

3:53 PM 5/9/2021 Времето во Скопје: 3°C

Во ковид центрите се лекуваат 1.068 пациенти

страна.мк

04/05/2021

Во ковид центрите се лекуваат 1.068 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.068 и има околу 745 празни болнички кревети во ковид центрите.Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка , соопшти Министерството за здравство.

Според информацијата во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат 622 пациенти, додека, пак, 446 пациенти се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град.

Во последните  24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 446 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 156 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 125 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 17 болни.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти, во Штип 62 пациенти, Тетово – 25, Велес  – 73, Куманово – 77, Охрид – 70, Прилеп – 51, Гостивар – 17, Струга -18, Струмица – 63, Кочани  – 27, Кичево – 21, Кавадарци – 32, додека во Гевгелија 7 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.