Мицкоски од Струмица: Од тоа што ветија, ништо не испорачаа!

Од тоа што ветија, ништо не испорачаа!, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица.
Затоа, можеби малку пред време, излегуваме на средби со граѓаните! Земјоделците се маргинализирани, а во механизација речиси и да не се вложува и тоа мора да се промени. Чиста вода е неопходна во 21-ви век! Како идна Влада, планираме да вложиме 26 милиони евра во струмичкиот регион, а дел од парите ќе бидат и за водоводот, им вети тој на струмичани.