ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

11:43 PM 4/25/2024 Времето во Скопје: 14°C

Путин по повод Денот на победата: Русија одлучно ќе ги штити своите национални интереси

страна.мк

09/05/2021

Путин по повод Денот на победата: Русија одлучно ќе ги штити своите национални интереси

По повод 76-годишнината од крајот на Втората светска војна, на Црвениот плоштад во Москва се одржува Парадата на победата.

Рапорт за почетокот на парадата на претседателот на Русија, Владимир Путин, му поднесе министерот за одбрана, генерал на армијата Сергеј Шојгу.

 

Парадата, на која учествуваат повеќе од 12.000 војници, ја предводи Врховниот командант на копнената армија, армискиот генерал Олег Саљуков.

– Секогаш ќе се сеќаваме дека големата победа над нацизмот ја постигна советскиот народ. Во најтешкото време на војната, во одлучувачките битки кои го одредија исходот од борбата против фашизмот, нашиот народ беше сам, сам на макотрпниот, херојски и пожртвуван пат до победата – рече Путин за време на говорот на Црвениот плоштад, по што се одржа едноминутно молчење.

Путин истакна дека „Русија одлучно ќе ги штити своите национални интереси и дека нема прошка за оние кои смислуваат агресивни планови“.