ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

12:02 AM 3/29/2024 Времето во Скопје: 14°C

Николовски постојано очекува да се намалат цените, но тоа никако да се случи

страна.мк

08/02/2023

Николовски постојано очекува да се намалат цените, но тоа никако да се случи

Не можам да ги коментирам поскапувањата на основните прехрамбени производи, но очекувам да поевтинат поради поевтината индустриска струја што ја добија фирмите од прехрамбената индустрија, изјави денеска министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

– Не можам да ги коментирам цените, но очекувам нивното намалување по целокупната поддршка за струјата што ја добиваат компаниите од прехранбената индустрија да не е осум или десет проценти. Сите како граѓани очекуваме намалување на цените. Преработувачката индустрија доби дополнителни привилегии во делот на цената на електричната енергија и јас, како и сите граѓани, очекувам дека тоа на крајот ќе се види во маркетите, особено кај основните продукти чии цени граѓаните навистина очекуваат да бидат намалени, рече Николовски.

Според министерот, надлежните институции и инспекторати таа работа треба да си ја завршат, да има соодветни контроли.

– Македонските премиум производи имаат врвен квалитет, немаат проблем со пласманот и се нешто со кое навистина треба да се гордееме. Но, ако тие се спакувани соодветно, со етикети и доколку имаат сериозен маркетинг, ќе добијат подобри цени на светските маркети, рече денеска министерот Љупчо Николовски.

Пред средбата со малите производители на храна, членови на „Алијанса Премиум“, Николовски апелира Собранието поскоро да ги ратификува договорите за пласман со Украина, Јордан и многу други земји кои се склучени минатата година. Во следните неколку месеци, тој го очекува, како што напомена, и догхранаоворот за обезбедување пласман и слободна трговија со Турција.