ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

9:30 PM 5/21/2022 Времето во Скопје: 5°C

Ковачки: Завршуваат дивеењето и арамилакот на ДУИ

страна.мк

13/05/2022

Ковачки: Завршуваат дивеењето и арамилакот на ДУИ

Зошто е нервозата кај ДУИ? Затоа што знаат дека завршува дивеењето и лоповлукот, пишува пратеникот Драган Ковачки.

Како што сè има почеток и крај, така завршува и деценискиот политичко-криминален садизам на ДУИ. ДУИ се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 61 пратеник на наредните вонредни парламентарни избори, затоа што тоа е ставот на народот и во Штип и во Тетово, и во Гевгелија и во Гостивар. Јасно е дека тоа не им се допаѓа на ДУИ и СДСМ затоа што нема повеќе да можат да го делат народот по етничка основа додека истовремено како сложни калуѓери да прават криминали, истакнува Ковачки во Фејсбук статус.

Додава дека јасен и оправдан е стравот кај ДУИ.

Со освоени 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да има заштита за нивниот криминал, како што има сега додека СДСМ им ја администрира Владата. ДУИ знаат дека попуст нема да има, знаат дека пардон и пазар со правдата нема да има. Знаат дека мора да има одговорност и за Ласкарци, и за Тетовската болница, и за Беса Транс, и за обидот за криминал од 900 милиони евра, и за Талат Џафери кој со најпогрдни зборови се заканува на собраниски вработени, како тие да се негови робови, додека пионот Ковачевски сето тоа го оправдува и релативизира демек не слушнал и не видел, потенцира Ковачки.

61 пратеник се потребни за да има одговорност за криминалот. Затоа што народот сака Влада која ќе испорача: право, правда, проекти и просперитет. Народот сака оваа национална катастрофа да запре. Народот бара промени, додава тој.