ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

6:46 PM 3/28/2024 Времето во Скопје: 14°C

Вучиќ: Србија нема да биде паркинг за емигранти (ВИДЕО)

страна.мк

03/10/2022

Вучиќ: Србија нема да биде паркинг за емигранти (ВИДЕО)

Вучиќ со унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нехамер разговара за емигрантската криза и заедничките акции против организираниот криминал и шверцот.

„Сакам да му изразам благодарност на нашиот домаќин Орбан на гостопримството, бидејќи секогаш има доволно храброст да ги отвори важните регионални прашања“, кажа Вучиќ.

„Денес разговаравме за сите важни и тешки прашања со кои се соочуваме. И енергетиката и финансиската ситуација. Сите сме притиснати. Знаеме колку ќе биде тешко есенва, зимоска, а и на пролет. Мислам дека следната зима ќе биде уште полоша“, оцени српскиот претседател.

Истакна дека Србија е специфичен случај во смисла на емигрантите, бидејќи има пораст на бегалци од Израел, Пакистан и останатите земји од Блискиот Исток, но и од Русија и Украина.

„Тоа е голем товар за една мала земја. Зборувавме за миграциите и сакам да ги информирам сите дека Србија до крајот на годината ќе се усогласи со визната политика на Европската Унија. Србија нема да може да се користи како земја за пристигнување. Луѓето во Белград не знаат со колку проблеми се соочува нашата полиција, и сега решивме со заедничка работа да им помогнеме и на Австрија и на Унгарија и на Србија“, додаде Вучиќ.

Најави дека на 7 октомври во Белград ќе биде потпишан договор, а потоа ќе биде направен и акциски план.

„Србија нема да биде паркинг за емигранти и затоа секогаш ќе го почитуваме меѓународното право и ќе ги разбираме луѓето кои се во тешка ситуација, но ќе ја зачуваме безбедноста“, истакна српскиот претседател.

https://www.youtube.com/watch?v=hEjrl1H_fv4