ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

5:00 PM 4/25/2024 Времето во Скопје: 14°C

Топланата „Скопје-Север“ повторно не работи, денеска училиштата во општините Чаир и Бутел го прекинаа наставниот процес

страна.мк

29/11/2022

Топланата „Скопје-Север“ повторно не работи, денеска училиштата во општините Чаир и Бутел го прекинаа наставниот процес

Топланата „Скопје-Север“ повторно не работи, па објектите кои се приклучени на системот на парно греење на оваа компанија, домаќинствата, образовните и здравствените установи, се без никакво греење. Поради студените радијатори денеска училиштата во општините Чаир и Бутел го прекинаа наставниот процес и ги ослободија учениците уште од вториот час. Наставниците велат дека во училниците е неподносливо студено.

Студот е неподнослив и за домаќинствата, иако редовно ги плаќаат сметките. Граѓаните велат дека често се случува да имаат прекин на парното греење. Некои од нив имаат мали деца, а некои и стари и болни членови во семејствата. Тие се снаоѓаат како знаат и умеат, користат греалки, но тоа значи дека ќе мора да плаќаат и високи сметки за струја, покрај тие за парно, кои редовно ги добиваат. Во градинките исто така се користат алтернативни извори за греење.

За да ја надмине финансиската криза, АД Скопје-Север побара наместо со гас, греењето да продолжи со мазут, но Град Скопје не дозволи.

Поради тоа што топланите немаат филтри, а гасот е достапен на пазарот, Министерството за животна средина забрани топланите да користат мазут или дизел како гориво.