ALK 15,550.00 0.32%

GRNT 1,200.00

KMB 8,847.67 0.56%

MPT 75,500.00 -0.91%

MZPU 607.00

OKTA 3,450.00 1.47%

REPL 108,000.00

RMDEN16 99.80 -0.89%

RMDEN17 99.80 0.20%

RMDEN19 99.90 0.10%

STB 1,200.00

TETE 2,040.00

страна.мк

6:52 AM 9/18/2021 Времето во Скопје: 34°C

Во Карпош украдено возило „бмв“: МВР за два часа го пронашло во село Лака

страна.мк

14/09/2021

Во Карпош украдено возило „бмв“: МВР за два часа го пронашло во село Лака

Попладнево во 18:07 часот Н.К. во СВР Скопје пријавил дека од ул.„Никола Русински“ позади ТЦ Лептокарија, му било одземено патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, кое тој го оставил отклучено и во погон.

Како што соопшти МВР, веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров и ОКР Карпош и околу 20 часот возилото е пронајдено во село Лака и ќе биде вратено на сопственикот. Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.