ALK 15,550.00 0.32%

GRNT 1,200.00

KMB 8,847.67 0.56%

MPT 75,500.00 -0.91%

MZPU 607.00

OKTA 3,450.00 1.47%

REPL 108,000.00

RMDEN16 99.80 -0.89%

RMDEN17 99.80 0.20%

RMDEN19 99.90 0.10%

STB 1,200.00

TETE 2,040.00

страна.мк

10:01 AM 8/1/2021 Времето во Скопје: 3°C

Димитриеска Кочоска: Над 65% од вработените земаат плата помала од 25.000 денари

страна.мк

21/07/2021

Димитриеска Кочоска: Над 65% од вработените земаат плата помала од 25.000 денари

Реалноста во Македонија е дека над 65 проценти од вработените работат за месечна плата помала од 25 илјади денари, огромен број граѓани ги изгубија своите работни места, претежно ниско платени и дека состојбата во економијата е навистина лоша. Ова го истакна Гордана Димитриеска Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ која што се одржа во општина Карпош.

Во однос на последните објавени податоци за просечната плата од страна на Државниот завод за статистика која 28.721 денари, таа истакна дека иако од страна на власта постојано ветуваат просечна плата од 500 или повеќе евра, реалноста во Македонија е тоа што во државата постои фрапантна бројка на лица која земаат далеку потпросечна плата од онаа што во јавноста се лиферува.

Кочоска истакна дека власта многу добро знае дека над 65 проценти од вработените во државата земаат плата под 25 илјади денари, но тие оваа бројка ја кријат од јавноста.

-Ако ги погледнеме податоците на лицата, вработени кои што земаат плата, а при тоа се пријавени и со пензиско и здравствено осигурување, ќе видиме еден фрапантен податок. Односно, повеќе од 65% од овие лица имаат плата пониска од 25 илјади денари (25.000). Повторувам, 65 проценти и повеќе имаат плата помала од 25 илјади, а ние зборуваме за просечна нето плата во Македонија од 28 илјади денари, истакна Димитриеска Кочоска.