ALK 14,198.61 0.29%

GRNT 1,100.00 -2.91%

KMB 7,946.79 0.59%

MPT 72,503.39

RMDEN18 99.50

RMDEN19 99.70

SLAV 3,011.00 -3.00%

STB 1,191.43 -0.63%

TEL 327.00 -0.30%

TNB 19,563.48 2.97%

страна.мк

9:05 AM 6/25/2021 Времето во Скопје: 3°C

Бугарски „Труд“: Македонски граѓани повторно чекаат во редици за бугарски пасоши (ФОТО)

страна.мк

10/06/2021

Бугарски „Труд“: Македонски граѓани повторно чекаат во редици за бугарски пасоши (ФОТО)

Бугарскиот весник „Труд“ објави за голема редица македонски граѓани во Софија, кои чекаат за да добијат бугарски пасош.

„Минерална вода и книги од автори како Симеон Радев и браќата Миладинови беа дистрибуирани од Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија“ на оние што чекаа пред Дирекцијата за бугарско државјанство во Софија“, известува „Труд“.

redici-640x407.jpg

Редицата на лицата кои што аплицираат за пасош повторно се зголемила како пред пандемијата, бидејќи поради строгите ограничувања на институцијата поради ковид-кризата, таа не прифаќала документи на апликантите веќе подолго време.

redici1-640x360.jpg

„Повеќето од луѓето во редот се државјани на Република С. Македонија, кои со автентични документи потврдуваат дека имаат бугарско потекло и сакаат да ги добијат наш пасош и државјанство“, пишува бугарскиот весник.

Фото: Цветан Томчев