ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:05 AM 8/8/2022 Времето во Скопје: 14°C

Во светот, цената на храната опаѓа, кај нас расте

страна.мк

05/08/2022

Во светот, цената на храната опаѓа, кај нас расте

Светските цени на прехранбените производи значително паднаа во јули. Светските цени на прехранбените производи значително паднаа во јули, под влијание на падот на цените на житариците и растителното масло, објави денеска Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

Откако го достигна највисокото ниво во март по почетокот на руската инвазија на Украина, индикаторот за цените на храната на ФАО, кој ги следи промените на меѓународните цени на кошницата со основни производи, падна за 8,6 отсто во јули во однос на претходниот месец, што претставува четврти последователен пад на цената.

Сепак, цените се уште се на високо ниво и во јули беа на 140,9 поени на индексот на ФАО, што е зголемување од 13,1 отсто на годишна основа во однос на јуни 2021 година, наведува агенцијата.

Во Македонија, наспроти светските движења овие денови се случува вистинска експлозија на цените, и тоа засега така и ќе остане.