ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:43 AM 6/26/2022 Времето во Скопје: 5°C

Вардаровите навивачи: „Вината за пропаста на РК Вардар е кај Самсоненко и кај државата“

страна.мк

23/06/2022

Вардаровите навивачи: „Вината за пропаста на РК Вардар е кај Самсоненко и кај државата“

И тоа се случи.. Двократниот европски првак во следната сезона нема да биде дел од Лигата на шампионите поради стари долгови кон поранешните играчи. Поради овој податок, армијата навивачи на Вардар, посебно оние најжешките, ,,грмат” на сите страни.

Едни од нив излегоа со соопштение преку социјалните мрежи во кои го потенцираа виновникот за пропаста на двократниот европски шампион – Сергеј Самсоненко и државата.

„Долго време не сме објавиле, а за тоа време Тале (Филип Талески-н.з.) се издигна и стана лидер на РК Вардар, нешто за што му должиме извинување и голема благодарност. Денеска се прашуваме дали РК Вардар ќе доживее иста ваква преродба во догледно време?

Вината не треба да ја бараме ниту во ЕХФ (да, веројатно сакаа да прошверцуваат некои екипи како Загреб или Алборг на наш грб), ниту кај битолчани и Алкалоид (кои тријат раце во моментов), туку исклучиво во нашите редови. Се знаеше дека уште од 2018 се тегнеме со долгови и кога тогаш ќе не снајдеше ова сценарио. Греота за Михо (па и Борко) кои душа оставија барајќи спонзори, додека од сите страни само им лепевме критики, барајќи играчи како оние од времето. Вината е на две страни.

Првиот – Сергеј Самсоненко. Ни остави две титули во ЛШ во ракомет и пласман во ЛЕ во фудбал, на сметка на тоа ги запусти двата клуба – долгорочно. ФК Вардар едвај крпи во Втора лига (нека не ве лажат резултатите, ниту таму не е најсјајна ситуацијата), немаме свој терен, цело Скопје го прошетавме годинава. Самс не избрка од Парк, ги зема академиите кои му припаѓаа на Вардар скоро цел век. Најново е дека поради долгови од новото раководство, избркани сме и од Хиподром. РК Вардар исто така нема своја сала. Кале ја дадоа на КФМ, а Јане Сандански на МОК (ние сме кираџии, а прашање на време кога ќе добиеме шут карта). Како сираци, се крепиме на стара слава.

Втор – државата. Сте виделе друга југословенска држава во која пропаднал клуб кој бил репрезент на државата во екс Ју? Никаде. Па Ц. Звезда и Партизан имаат сто пати поголеми долгови, ама секогаш се наоѓа начин да ги решат. Спортот е најголем репрезент на една држава, особено на една мала како Македонија. Ама слепците од НАШАТА ДРЖАВА, свесно оставија да пропадне Вардар. Ајде што немаа никаков абер за вложување, а во двор имаат двократен европски првак, уште не мрднаа со прст за да го тужат Самсоненко (што беше должност на Град Скопје)“, се вели во реакцијата на вардаровите навивачи.