ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

7:16 AM 3/22/2023 Времето во Скопје: 14°C

Силен земјотрес во Еквадор: Има загинати и повредени, уништени згради и возила (ВИДЕО)

страна.мк

18/03/2023

Силен земјотрес во Еквадор: Има загинати и повредени, уништени згради и возила (ВИДЕО)

Има загинати и повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтер во Еквадор. Потресот предизвика значителни штети и паника во оваа кревка земја која доживеа катастрофален земјотрес во 2016 година. Засега е потврдено дека животот го загубиле шест лица, меѓу кои и едно дете.

На едно видео се гледа како маж носи повредено дете.

„Однесете го во болница“, извика еден од случајните минувачи.

На едно видео од трговски центар се слушаат застрашувачки крици од луѓе кои панично трчаат надвор. Од некои згради паднаа големи делови од ѕидовите, а по улиците се крена прашина.

Епицентарот на земјотресот бил во Гвајас, а земјотресот силно се почувствувал и во соседна Колумбија.

Катастрофален земјотрес го погоди Еквадор во 2016 година, со јачина од 7,8 степени. Тогаш загинаа речиси 700 луѓе, а повеќе од 16.600 беа повредени.