ALK 14,198.61 0.29%

GRNT 1,100.00 -2.91%

KMB 7,946.79 0.59%

MPT 72,503.39

RMDEN18 99.50

RMDEN19 99.70

SLAV 3,011.00 -3.00%

STB 1,191.43 -0.63%

TEL 327.00 -0.30%

TNB 19,563.48 2.97%

страна.мк

5:02 PM 5/9/2021 Времето во Скопје: 3°C

ИЈЗ: Намалување од 39,7% на нови случаи и намалување од 20,9% на починати

страна.мк

04/05/2021

ИЈЗ: Намалување од 39,7% на нови случаи и намалување од 20,9% на починати

Во периодот од 26 април до 2 мај е регистриран намален број на новозаболени и починати од коронавирус во Македонија во однос на претходната недела.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до 2 мај 2021, тестирани се вкупно 14.975 лица, што е намалување од 17,6% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и 10-19 години.

По добиени два негативни теста за присуство на вирусот или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, 20,9% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.