ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:34 AM 4/19/2024 Времето во Скопје: 14°C

Анадолу Ефес ја одбрани европската круна, Мициќ МВП на фајнлфорот во Белград

страна.мк

21/05/2022

Анадолу Ефес ја одбрани европската круна, Мициќ МВП на фајнлфорот во Белград

Анадолу Ефес ја одбрани европската круна и е старо-нов европски првак во кошарка откако во Белград во Евролигата, го победи против Реал Мадрид со 58-57.

Триото на старо-новиот првак предводено од Василие Мициќ – Тибор Плајс – Шејн Ларкин ги даде безмалку сите поени за Ефес, поточно 52 од вкупно 58-те на мечот, а само Крис Сингелтон со четири и Брајант Данстон со два беа единствени други стрелци во тимот на шампионот.

Мициќ заврши со 23 поени, Плајс даде 19, а Ларкин додаде 10, додека кај Реал само Валтер Таварес беше двоцифрен со 14 поени.

Двата тима имаа ужасен шут за три поени, Ефес од само 25 отсто (6 од 24 шута), а Реал уште помизерен од 18 отсто (6 тројки од 33 шута).

Српската кошаркарска ѕвезда Василие Мициќ ја доби наградата за најкорисен кошаркар (МВП) на фајнлфорот во Евролигата во Белград.