Тони Михајловски: „Почивај во мир Мице, ќе се видимо тамо негде на некоју раќију“

Почина Митко С. Апостоловски. Актерот кој на филмското платно ќе биде запомнет по репликата “Македонија, тоа е свето име бе мамето ваше”.
Битолчанец кој долги години работеше во театарот во Куманово и зборуваше перфектен кумановски.
Почивај во мир Мице. Нека ти е светол патот.
Ќе се видимо тамо негде на некоју раќију, напиша на својот Фејсбук профил, актерот Тони Михајловски.