ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:04 PM 3/29/2024 Времето во Скопје: 14°C

Со францускиот предлог се заштитивме максимално, Бугарија може да стави вето 7 пати, вели бугарски дипломат

страна.мк

25/06/2022

Со францускиот предлог се заштитивме максимално, Бугарија може да стави вето 7 пати, вели бугарски дипломат

Бугарскиот дипломат Љубомир Ќучуков кој е близок на актуелните власти во Софија смета дека Македонија има две години да ги запише Бугарите во својот устав.

Според него бугарската дипломатија имаше огромен успех затоа што успеала да ги одбрани и внесе во текстовите сите бугарските позиции, за кои имаше разлики дури и во Бугарија.

„Сега сè е заштитено максимално”, за БНТ изјави дипломатот Љубомир Ќучуков за „францускиот предлог“.

„Има две мислења – дали вклучувањето на Бугарите во уставот е плус или минус за Бугарија. Напротив, јас сум склон да прифатам дека тоа не го решава проблемот на граѓаните со бугарска свест. Тоа значи дека со прогласувањето на Бугарите за државотворен народ сепак постои мнозинство кое нема бугарски корени”, вели Ќучуков според кого Скопје треба да подготви свој акционен план кој ќе трае околу една година.

„Тогаш ќе одговори ЕУ и дури тогаш ќе започне вистинскиот преговарачки период. Со ова бугарските барања стануваат политика на ЕУ. И перформансите ќе се следат. Македонија има две години да ги впише Бугарите во својот устав”, вели дипломатот кој објаснува дека е важно е да се разбере дека има три документи, од кои два се ЕУ.

„Неодржливо е Македонија да не прифати два документи бидејќи не учествува во нив. Таа нема збор во нив. Македонија учествува само во Билатералниот протокол кој не е потпишан, но доколку се воведе преговарачка рамка, тој мора да биде потпишан. За да започне целиот процес, мора да се потпише билатерален протокол. Во него се зборува за сите теми и дадени се со јасни рокови за имплементација.

Имплементацијата на протоколите е дел од преговорите со ЕУ и е под контрола на ЕУ и Бугарија. Бугарија може да стави вето 7 пати. Одлуките за затворање на поглавјата ги носат сите земји”, укажува дипломатот.

Во врска со укинувањето на ветото, тоа може да се случи само со одлука на сите држави. А според процедурата прво бугарската влада мора да одлучи за ветото. Потоа, доколку нема забелешки од никого, тоа мора да биде прифатено од Советот.

За можноста ветото да падне наредната недела Ќучуков вели дека француското претседателство истекува на 30 јуни и затоа, сè мора да се направи брзо а се зависи од владата.

Според него времето почнува да се станува кратко а Mакедонија може да ги оспори текстовите и да не го потпише протоколот, но тоа значи дека преговорите нема да започнат. Со тоа има големи шанси Македонија и Албанија да се разделат.

Македонија ќе се обиде да промени некои работи во билатералниот договор но тие се заинтересирани за процесот, смета дипломатот во изјавата која ја пренесуваат бугарски медиуми. (и можно е да го прифати билатералниот протокол каков што ќе го одобри Бугарија).