ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

7:23 PM 4/24/2024 Времето во Скопје: 14°C

Десетмина се хоспитализирани од пожарот во хотел „Буши“, двајца се потешко повредени

страна.мк

21/05/2022

Десетмина се хоспитализирани од пожарот во хотел „Буши“, двајца се потешко повредени

Десет лица повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје со возила на Итната медицинска помош се однесени во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија, изјави за МИА раководителката на Итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало.

Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди.

Бубало посочи дека на лице место екипите на ИМП интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.

Попладнево во пожарот што избувна во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од Противпожарната бригада Скопје за МИА.

Тие потврдија дека пожарот е локализиран.