ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

4:43 PM 7/25/2024 Времето во Скопје: 14°C

Државниот студентски дом Скопје ги врати по старо цените за сместување и храна, нема да има доручек

страна.мк

18/09/2023

Државниот студентски дом Скопје ги врати по старо цените за сместување и храна, нема да има доручек

Студентските реакции ги вратија старите цени за сместување во студентските домови.

Управниот одбор на државниот студентски дом Скопје на седница утрово се повлече од најавеното зголемување за 300 денари за сместување и исхрана на студентите. Директорот Велевски вели дека на утринскиот состанок со министерот Шаќири добиле уверување дека државата ќе покрива поголем дел од трошоците кои им се енормно зголемени. Сметале дека најавеното покачување од 10% нема значително да влијае на студентскиот стандард, но по реакциите во јавноста утрово решиле да ја поправат грешката.

Старите цени за сместување се враќаат, но не и доручекот во студентските домови. Велевски останува на ставот дека со еден оброк обезбеден преку ваучерите од 140 денари дневно и со ручек и вечера во домовите, на студентите не им е скратен ниту еден оброк.

Од студентски отпор се задоволни што се враќаат старите цени за сместување, но нивната битка ќе продоложи додека не се врати и појадокот и додека не се подобрат условите во домовите.

Од МОН засега нема реакција, особено што од министерството вчера порачаа дека студентските домови се законски обрвзани да им обезбедат по три оброци дневно на студентите.