ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:18 AM 6/26/2022 Времето во Скопје: 5°C

Овој хрватски град забрани турбо-фолк во кафулињата

страна.мк

23/06/2022

Овој хрватски град забрани турбо-фолк во кафулињата

Властите на градот Ѓурѓевац, северна Хрватска, донесоа одлука за забрана за пуштање турбо-фолк музика („цајки“) во угостителските објекти. Покрај забраната за турбо-фолк, за викендов е поставено и ново работно време за рестораните и другите угостителски места.

„Од 24 јуни до 26 јуни угостителите можат да работат без престан. Работното време важи и за терасите поставени до угостителските објекти, како и за шаторите на јавни површини. Во угостителските објекти на плоштадот ‘Свети Јурај’ и ‘Староградската улица’ во Ѓурѓевац може да се изведува само соодветна традиционална и популарна музика“, се истакнува во соопштението на властите.

Одлуката важи за овој викенд, односно од петок до недела – за време на туристичката манифестација „Пицокијада“ во овој град.