ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

9:52 PM 5/21/2022 Времето во Скопје: 5°C

Обвинителството нашло виновници за пожарот во модуларната болница во Тетово

страна.мк

13/05/2022

Обвинителството нашло виновници за пожарот во модуларната болница во Тетово

Обвинителството лоцирало кривична одговорност кај повеќе лица за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица. Од таму за Сител ја потврдуваат оваа информација но не откриваат повеќе детали бидејќи како што велат случајот се уште е во фаза на предистрага.

Дел од медиумите веќе објавија дека кривична пријава ќе заработат 3 физички и едно право лице но во Државното обвинителство ниту ја потврдуваат ниту демантираат оваа информација. Од таму велат само дека кривични пријави ќе има но без да прецизираат детали за колку лица успеале да обезбедат докази. Велат дека деталите ќе ги добиеме наскоро кога и официјално ќе биде пондесено обвинението.

Пожарот во модуларната болница во Тетово изби вечерта на 8 септември минатата година а по истрагите во кои беа вклучени и германски експерти се заклучи дека причина е продолжен кабел на кој бил вклучен дефибрилатор. Во страотните пламени јазици животот го загубија 12 пациенти и две лица кои биле со нив како придружба.