ALK 15,550.00 0.32%

GRNT 1,200.00

KMB 8,847.67 0.56%

MPT 75,500.00 -0.91%

MZPU 607.00

OKTA 3,450.00 1.47%

REPL 108,000.00

RMDEN16 99.80 -0.89%

RMDEN17 99.80 0.20%

RMDEN19 99.90 0.10%

STB 1,200.00

TETE 2,040.00

страна.мк

7:03 AM 9/18/2021 Времето во Скопје: 34°C

Симовски за бројките: На пописот може да излеземе 1,8 или 1,9 милиони

страна.мк

14/09/2021

Симовски за бројките: На пописот може да излеземе 1,8 или 1,9 милиони

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во емисијата 24 анализа потенцираше дека добиените податоци од пописот се користат исклучиво за статистички цели и ниту една институција нема пристап до нив. Во врска со отпорот кон попсот, Симовски вели дека критичната маса која е против пописот е минорна.

– Во најголемиот дел од домаќинствата во дополнителен разговор прифаќаат да се попишат. Многу се ретки случајите каде некој одбива да се попише. Ќе одиме и понатаму да разговараме со лицата кои одбиваат да се попишат, но ние ќе одиме на разговори, иак во законт има членови кои ни даваат за право да спроведеме дуруги мерки, но ние оставаме простор за убедување. Тие кои упорно одбиваат да се попишат, ќе сносат санкции согласно законот. Ова не го правиме за никого, туку за нив.- рече Симовски.

Истакна дека тоа се прекршочни казни од 300 евра во денарска протвредност. Вели дека пописот може да покаже дека може да биде 1. 800 000 граѓани, и не сака да прејудицира и остава пописот да заврши.

– Не би сакал да шпекулирам и очекува дека ќе биде помал податокот од оној кој го имавме во 2002 година. Да сочекаме, имаме уште малку време да го завршиме пописот и да завршиме со обработката на податоци и да излеземе со официјални резултати. Има некој индиции дека може може да биде 1.8 или 1.9, но да не избрзуваме со прогнози. – рече Симовски.