ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

8:15 AM 4/19/2024 Времето во Скопје: 14°C

Бројот на жртви во земјотресот во Сирија и Турција надмина 11 000

страна.мк

08/02/2023

Бројот на жртви во земјотресот во Сирија и Турција надмина 11 000

Земјотресот во турција и сирија најсмртоносен во последнава деценија. Два дена по разорниот потрес, бројот на загинати забрзано расте.

Црниот биланс веќе надмина 10 илјади а стравувањата се дека конечната бројка ќе биде неколкупати поголема. Спасувачите брзаат да извлечат преживеани од урнатините а шансите за среќен крај, од минита во миниута се се помали.

„Не можете да го знаете ова чувство, ако не сте го доживеале ова. Ова можат да го разберат само оние кои еднаш биле под урнатини.“

Втора вечер жителите на Турција и Сирија како ја минуваат под отворено небо, исплашени да се вратат во своите домови. Температурите кои веќе се под нулата, само го зголемуваат страдањето. Гневни на државата, обвинуваат дека работите можеби би биле поинакви доколку надлежните навремено реагирале.

И турскиот претседател, призна дека државата задоцнила со првичниот одговор. Меѓу најтешко погодените градови е Хатај. Една по една, зградите паѓале и ќе бидат потребни недели, па можеби и месеци за да ги извадат сите кои не успеале да избегаат на сигурно.

Од другата страна на границата, во Сирија, ситуацијата е на раб на катастрофа ...Главниот автопат која ја поврзува земјата со турција и преку кој можеше да стигне хуманитарна помош е уништен.

Спасувачките напори отежнати во недостаток на махнизација која треба да помогне во отстранување на тешките бетонски блокови. Локалните патишта, уништени од долгогодишната граѓанска војна, се пречка за екипите за итната помош побрзо да стигнат најтешко погодените региони. Владата во Дамаск, не може сама да им помогна на настраданите додека пак спасувачките тимови и локалните жители, очајно бараат помош.

„Секој пет минути погребуваме лице кое загинало во земјотресот. Во последните два дена, закопувавме преку 150 лица.“

По разорните земјотреси во Турција, првиот со магнитуда на ударот од 7,9 степени а вториот со јачина од 7.5 степени според Рихтеровата скала, досега во регионот се регистрирани 648 последователни потреси.

Во спасувачките операции се ангажирани повеќе од 80.000 лица, а во погодените области се испратени преку 5000 тешки возила, главно багери, камиони , булдожери.