ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

8:55 AM 4/25/2024 Времето во Скопје: 14°C

Обвинителката Фетаи е лесно повредена во сообраќајна несреќа, пуштена на домашно лекување

страна.мк

25/06/2021

Обвинителката Фетаи е лесно повредена во сообраќајна несреќа, пуштена на домашно лекување

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи е лесно повредена во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу полноќ во скопската населба Топанско Поле.

Фетаи била пренесена во Градската болница „Св. Наум Охридски", по што била пуштена на домашно лекување.

-На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска" и ул.„Џон Кенеди" се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица" со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски", информираат за МИА од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.