ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:21 AM 4/19/2024 Времето во Скопје: 14°C

Мицкоски: Македонија е единствена на Балканот која државноста ја стекна преку антифашистичката народно ослободителна борба, тоа Заев сега го погазува

страна.мк

09/05/2021

Мицкоски: Македонија е единствена на Балканот која државноста ја стекна преку антифашистичката народно ослободителна борба, тоа Заев сега го погазува

Единствен народ на Балканот кој своја државност стекнал преку НОБ без европски или светски спонзори е токму македонскиот народ и оваа држава која што ние ја живееме, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Прилеп.

„Нашата борба за слобода е континуиран процес на неколку Илиндени. 9 мај немаше да се случи, ако претходно не беше 11 октомври неколку години порано, а денес седиме овде наспроти плочите со имињата на 462 партизани од НОБ од Прилеп и околината кои ги дале своите животи за нашата денешна слобода и држава.

Нашите предци не нѐ посрамотија, и беа на вистинската страна, прашањето е дали денешната власт го чува тоа наследство и не ги посрамотува нашите предци?

Одговорот го добиваме кога премиерот, во името на некакво пријателство, вели дека тука имало администрација, а не фашистички окупатор, што самото по себе е тешка небулоза и невистина. И тоа е дотолку страшно зошто се вика брутално, сурово убиство на вистината“, рече во обраќањето Мицкоски.

Тој упати критики до власта дека „сменивме знаме, Устав во повеќе наврати, добивме пресуда во Меѓународниот суд во Хаг“, а од Европа добивме тапкање по рамо, ветувања и нов услов за напредок на патот кон ЕУ“.

„Во 21 век, ние денеска според Заев за да почнеме преговори, треба да решаваме прашања од 19 век. Да бркаме по нашите корени и да ја чепкаме крвта и коските на оние кои животот го положија за независна и суверена  Македонија. Дали тоа е реалноста во која сакаме да живееме, каква е оваа наша денешна сурова реалност. Оваа сурова реалност е по тоа што требаше да бидеме барем први според бројот на вакцините, а ние денеска сме последни.

Заев ако мисли дека таквата понизност е цената која мора да ја плати за да ЕУ му прогледа низ прсти за неговиот криминал овде, и да се однесува по принципот ќе бидам сервилен, ама барем ќе ми прогледуваат низ далечен двоглед за кражбата на изборите и бруталниот криминал во кој оваа влада е потпрена, што и гласно низ кулоарите го говори Заев, преставува политички идиотизам и лага“, вели Мицкоски.

Според него, и Европската Унија треба да биде погласна за, како што рече, криминалите кои ги прави оваа влада, и за грешните политики кои земјава ја туркаат во бездна.

„Оставете го Заев и тие главоклимачи околу него. Не се тие Македонија, туку овој чесен и честит народ и вредни домаќини. Ова е народот кој многу пред вас ги покажувал своите европски вредности и неговото место е таму за да ја добие заслужената правда, а да ја добијат и сите оние кои што се неправедно обвинети и неправедно осудени од ова обвинителство и судство кое е под целосна чизма на власта на Зоран Заев“, ѝ порача Мицкоски на Унијата.

Тој додаде дека Македонија денес го живее најтешкото време, а „на народот му треба надеж и визија, домаќинско работење, наспроти недомаќинското и расипничко трошење“.

„Македонија ќе го има својот 4 Илинден и ќе биде просперитетна држава, а ќе ја вратиме надежта дека може подобро. Ќе удри зората и за нашата земја. А ВМРО-ДПМНЕ ќе го има се почесто на улиците, селата и градовите, помеѓу својот народ. Македонската пролет се раѓа. Ова се одлучувачки мигови за нашата земја. Доста е за оваа власт, таа е завршена работа, бројани се деновите“, порача Мицкоски.