ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

10:53 PM 5/21/2022 Времето во Скопје: 5°C

Украинките кои избегаа во Полска треба да добијат пристап до абортус

страна.мк

13/05/2022

Украинките кои избегаа во Полска треба да добијат пристап до абортус

Жените кои побегнале од војната во Украина во Полска мора да имаат пристап до репродуктивните права кои ги исполнуваат меѓународните стандарди, вклучително и абортуси, изјави денеска висока претставничка на УНХЦР, по извештаите за силувања и сексуално насилство во Украина.

– Постојат некои политики (поврзани со репродуктивните услуги во Полска) за кои веруваме дека не ги исполнуваат меѓународните стандарди, рече на денешниот брифинг Џилијан Тригс, помошник на Високиот комесар за бегалци при ОН.

Полска има еден од најрестриктивните закони за абортус во Европа, а активистите за човекови права изразија загриженост поради тешкотиите со кои би можеле да се соочат жртвите на силување кои избегале од Украина доколку одлучат да ја прекинат бременоста.

– На жртвите на сексуално насилство им треба советување и помош. Во некои случаи, ќе им требаат абортуси. Ќе разговараме за ова со владата, истакна Тригс.

Таа посочи дека УНХЦР ќе работи со оние на кои им треба абортус за да се осигура дека ја добиваат услугата во Полска или на друго место.

Светската организација соопшти дека набљудувачите на ОН за човекови права се обидуваат да ги потврдат наводите дека руските сили извршиле сексуално насилство, вклучително и групно силување и силување пред деца, како и наводите дека украинските сили и припадници на цивилната заштита исто така извршиле сексуално насилство.