ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:34 PM 12/7/2023 Времето во Скопје: 14°C

ВМРО-ДПМНЕ: Исценирани инциденти на Левица од Апасиев кој заговараше „шамари, клоци и тупаници“ за Вељаноски

страна.мк

20/11/2023

ВМРО-ДПМНЕ: Исценирани инциденти на Левица од Апасиев кој заговараше „шамари, клоци и тупаници“ за Вељаноски

ВМРО-ДПМНЕ на исценираните инциденти на Левица гледа како „евтина провидна и договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС“.

Дотолку повеќе што присутната коалиција СДС, Левица и ДУИ во градот Скопје од денес започна да функционира и во Собранието.

Навистина е чудно бурното реагирање на Левица за Деловникот, наспроти молчењето во Собранието за францускиот предлог или за скандалот на онкологија.

Всушност Апасиев кога не беше за филибастеринг и беше коалициски партнер на СДС и советник на СЈО заговараше минатиот претседател на Собрание Вељаноски да биде избркан на (цитираме) “шамари, клоци и тупаници”.

Евтиниот театар на Левица, ДУИ и СДС за тема која никако не е приоритет на граѓаните само го покажува лудилото на власта и нивните слуги до каде може да одат во ловот по евтини поени, реагираат од партијата по денешните инциденти во Собранието.