ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:03 PM 12/7/2023 Времето во Скопје: 14°C

Денеска се осветува манастирот на Тоше Проески, по долги години градба, најпосле ќе се исполни неговата желба

страна.мк

24/09/2023

Денеска се осветува манастирот на Тоше Проески, по долги години градба, најпосле ќе се исполни неговата желба

Денеска се исполнува желбата на нашата прерано загината музичка ѕвезда, Тоше Проески. Како што е најавено од службите денеска во Крушево ќе биде осветен Манастирот Свето Преображение Господово, познат по залагањето на Тоше за неговата изградба.

Крушевско – дмирхисарскиот Митрополит Г. Јован донел одлука за негово осветување по завршувањето на градбата која траеше долги години.

Чинот на осветување ќе го изврши Архиепископот г.г. Стефан во сослужение на повеќе архиереи на МПЦ-ОА.

– Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески.

Осветувањето на манастирската црква благоволи да го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на 24 септември оваа година, во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – стои во соопштението од Митрополијата крушевска и демирхисарска – се наведува во соопштението.