ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

8:29 AM 3/29/2024 Времето во Скопје: 14°C

Ослободен генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје

страна.мк

03/10/2022

Ослободен генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје

Генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје во Украина, кој беше приведен од руските сили, е ослободен, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која има свои експерти во централата.

Го поздравувам ослободувањето на Игор Мурашов, напиша шефот на МААЕ Рафаел Гроси на Twitter и додаде дека добил потврда дека генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје се вратил дома „жив и здрав“.

Директорот на централата во петокот беше „приведен“ од руска патрола додека патувал од централата до градот Ерногодар, под руска контрола, соопшти претходно украинскиот оператор Енергоатом. Возилото во кое бил директорот на штабот било запрено и тој бил извлечен од него, а потоа со врзани очи пренесен во непознат правец, пренесе украинската агенција.

Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, е под контрола на руски војници од почетокот на март, но се наоѓа недалеку од демаркационата линија меѓу териториите контролирани од Киев и регионите окупирани од Москва.