ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

4:30 AM 10/4/2022 Времето во Скопје: 14°C

Бензинска пумпа по грешка продавала гориво за едно евро, настанал хаос

страна.мк

22/09/2022

Бензинска пумпа по грешка продавала гориво за едно евро, настанал хаос

Бензинска пумпа во германскиот град Геролцхофен во Баварија случајно продавала гориво по цена нешто повисока од едно евро за литар.

Како што пишуваат медиумите, супер плус на таа бензинска пумпа чинел 1.029 евра за литар. Евтиното гориво резултирало со општ хаос и гужви во вторникот попладне.

„Складиштето од 3.000 литри беше празно доцна вечерта“, изјави закупецот на бензинската пумпа.

Во средата наутро литар бензин Супер плус повторно чинеше 2.099 евра, пишуваат германските медиуми.

Како што соопшти во средата операторот на бензинската пумпа, погрешната цена била поради грешка на вработен при внесување на цените. Во 21.41 часот магацинот бил празен.

Од бензинската пумпа засега не можат да соопштат колку литри гориво се продадени по поевтина цена. Попустот сега се води како „несакана промотивна распродажба“ и не се замерува на возачите кои евтино ги наполниле резервоарите, пренесува „Fenix ​​Magazine“.