ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

4:36 AM 4/19/2024 Времето во Скопје: 14°C

СЗО: Досега потврдени 80 случаи на мајмунска сипаница

страна.мк

21/05/2022

СЗО: Досега потврдени 80 случаи на мајмунска сипаница

Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека од вирусот на мајмунски сипаници, кој најпрвин беше регистриран во Англија, а потоа се прошири и во дрСветската здравствена организација (СЗО) потврди дека од вирусот на мајмунски сипаници, кој најпрвин беше регистриран во Англија, а потоа се прошири и во другите европски земји, досега се заразени 80 лица.

Потврдени се околу 80 случаи на мајмунска сипаница, пријавени во СЗО од 12 земји, пренесуваат светските агенции.

Првпат регистриран во Англија на 7 мај, вирусот мајмунски сипаници се прошири во 12 земји во последните две недели.

Покрај Англија, земјите каде што се регистрирани случаи се Шпанија, Португалија, Германија, Белгија, Италија, Шведска, Канада, САД и Израел.

Мајмунските сипаници се „роднини“ на големите сипаници кои беа искоренети во 1979 година, се помалку преносливи и помалку смртоносни. Главната разлика помеѓу симптомите на голема сипаница и мајмунска сипаница е во тоа што мајмунските сипаници предизвикуваат отекување на лимфните јазли, а големите сипаници не.

Глодарите, вклучително и оние кои се чуваат како домашни миленици и мајмуни, можат да го носат вирусот и да го пренесат на луѓето, пишуваат медиумите.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести вели дека симптомите на мајмунска сипаница започнуваат со треска, главоболка, болки во мускулите и исцрпеност. По неколку дена, пациентите може да развијат осип кој поминува низ различни фази. Болеста обично трае од две до четири недели.

Вирусот, кој обично се пренесува од животно на човек, а ретко од човек на човек, може да предизвика висока температура и чешање со меурчиња на телото.угите европски земји, досега се заразени 8

Потврдени се околу 80 случаи на мајмунска сипаница, пријавени во СЗО од 12 земји, пренесуваат светските агенции.

Првпат регистриран во Англија на 7 мај, вирусот мајмунски сипаници се прошири во 12 земји во последните две недели.

Покрај Англија, земјите каде што се регистрирани случаи се Шпанија, Португалија, Германија, Белгија, Италија, Шведска, Канада, САД и Израел.

Мајмунските сипаници се „роднини“ на големите сипаници кои беа искоренети во 1979 година, се помалку преносливи и помалку смртоносни. Главната разлика помеѓу симптомите на голема сипаница и мајмунска сипаница е во тоа што мајмунските сипаници предизвикуваат отекување на лимфните јазли, а големите сипаници не.

Глодарите, вклучително и оние кои се чуваат како домашни миленици и мајмуни, можат да го носат вирусот и да го пренесат на луѓето, пишуваат медиумите.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести вели дека симптомите на мајмунска сипаница започнуваат со треска, главоболка, болки во мускулите и исцрпеност. По неколку дена, пациентите може да развијат осип кој поминува низ различни фази. Болеста обично трае од две до четири недели.

Вирусот, кој обично се пренесува од животно на човек, а ретко од човек на човек, може да предизвика висока температура и чешање со меурчиња на телото.