ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

3:22 PM 7/25/2024 Времето во Скопје: 14°C

Mицкоски од Вашингтон: Македонската Влада е посветена на развиена економија и воспоставување на владеењето на правото

страна.мк

10/07/2024

Mицкоски од Вашингтон: Македонската Влада е посветена на развиена економија и воспоставување на владеењето на правото

Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон, заедно со претседателите на Влада на Република Албанија Еди Рама и на Република Црна Гора Милојко Спајиќ оствари средба со сенаторката Џин Шајин и сенаторот Том Тилис и членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО.

Мицкоски, како што информира владината прес-служба, посочи дека балканскиот регион помина тежок период на предизвици и промени кои покажаа дека соработката, забрзаниот развој и инвестирањето во пријателства на граѓаните единствено им носи подобар живот. Тој истакна дека блокадите, кочењето и опструкциите треба да бидат реликвија на едно минато време од кое регионот треба да извлече поуки како се заглавува во неразумни спорови и се создаваат стереотипи и раздор меѓу граѓаните.

-Секоја иницијатива која е за поголема соработка на регионот и која може да донесе подобар живот е добредојдена, истакна Мицкоски и додаде дека потребен е нов почеток и генерација на политичари подготвени за разумен дијалог базиран на факти.

Според него, иднината на регионот е економската соработка и инвестициите за посреќни граѓани, како и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал кој преставува најголема закана за напредокот.

Македонската Влада е посветена на развиена економија и воспоставување на владеењето на правото, рече Мицкоски.

Во рамки на посетата на Вашингтон, премиерот Мицкоски учествуваше на отворањето на НАТО самитот кој продолжува и во текот на денешниот ден.