страна.мк лого

4:46 AM 3/5/2021 Времето во Скопје: 3°C

Истражување: Смислата за хумор може да ви го продолжи животот за 8 години

страна.мк

23/02/2021

Психологот Џенифер Ајкер и деловниот консултант Наоми Багдонас напишаа книга за смеата и нејзиното влијание врз животот. Книгата цитира бројни студии кои докажуваат дека смеењето го подобрува квалитетот на животот, но и дека може да го продолжи за 8 години.

 

Во книгата „Хумор, сериозно“, тие ги објаснија резултатите од истражувањето кое опфати 1,4 милиони луѓе во 166 земји во светот, а резултатите велат - премногу ретко се смееме.

 

Откриле и дека стапката на „смеа“ се намалува по 23-та година од животот, или всушност во главната точка на пресврт во зрелоста, после факултетот.

 

Едно истражување од книгата открило дека четиригодишно дете се смее 300 пати на ден, додека четириесетгодишно дете се смее 300 пати на секои 10 недели. Исто така, истражувањето докажува дека здравата смисла за хумор може да помогне и на работа и во животот.

 

Книгата укажува на студија од Норвешка, која следела повеќе од 50.000 луѓе во текот на 15 години. Резултатите покажале дека оние со поизразена смисла за хумор живееле во просек осум години подолго од другите.

 

Списанието Travel and Leisure објави дека Акер и Багдонас ја препознале важноста на хуморот и започнале специјални часови за хумор во Бизнис школата во Стенфорд.