ALK 14,198.61 0.29%

GRNT 1,100.00 -2.91%

KMB 7,946.79 0.59%

MPT 72,503.39

RMDEN18 99.50

RMDEN19 99.70

SLAV 3,011.00 -3.00%

STB 1,191.43 -0.63%

TEL 327.00 -0.30%

TNB 19,563.48 2.97%

страна.мк

12:21 AM 4/13/2021 Времето во Скопје: 3°C

ВМРО ДПМНЕ: На еден час пред полициски час поскапуваат горивата, ова е шверцерска одлука на РКЕ

страна.мк

07/04/2021

ВМРО ДПМНЕ: На еден час пред полициски час поскапуваат горивата, ова е шверцерска одлука на РКЕ

Шверцерска одлука на РКЕ, на еден час пред полициски час бензините поскапени за 3 денари, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Ова е второ покачување на цените на горивата оваа недела, откако на 5 април беа веќе еднаш покачени. Ова е 4 денари покачување за една недела. Ова е преседан и сигнализира дека власта незнае како да го полни буџетот па удира по народот. Партиската испостава на Заев, која го регулира енергетскиот пазар ги покачи цените на горивата во сред недела, на само еден час пред почеток на полициски час. Граѓаните брзаат кон бензинските и се создаваат колони со возила. РКЕ на Заев во пандемија немилосрдно удира по џебот на граѓаните. По покачените акцизи, константното покачување на цените на горивата е уште еден начин за полнење на празниот буџет директно од сиромашните граѓани, велат од партијата.