страна.мк лого

3:57 AM 3/5/2021 Времето во Скопје: 3°C

Во Вашингтон уапсена жената на Ел Чапо: Обвинета е за растурање кокаин и хероин во САД (ВИДЕО)

страна.мк

23/02/2021

Сопругата на мексиканскиот нарко-бос Хоакин Гузман, познат како ЕЛ Чапо, е уапсена на меѓународниот аеродром во Вашингтон под сомнение дека е вклучена во мрежата за дистрибуција на дрога, објавија синоќа американските власти.

 

Ема Коронел Аиспуро (31), која има американско и мексиканско државјанство, денес треба да се појави пред федералниот судија.

 

Таа е обвинета за учество во дистрибуција на кокаин, метамфетамин, хероин и марихуана.

 

Нејзиниот сопруг, коосновач на картелот Синалоа кој некогаш важеше за најмоќен дилер на дрога во светот, беше осуден во јули 2019 година на доживотен затвор во САД и издржува казна во затвор во американската држава Колорадо.

 

Според американските власти, картелот Синалоа бил најголемиот снабдувач на дрога во САД.

https://www.youtube.com/watch?v=uz5sIsVoh3Q&feature=emb_title