ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

2:17 PM 3/28/2024 Времето во Скопје: 14°C

Француски навивачи наместо во Будимпешта, слетале во Букурешт

страна.мк

25/06/2021

Француски навивачи наместо во Будимпешта, слетале во Букурешт

Неколку француски навивачи не успеале да присуствуваат на мечот Франција – Унгарија бидејќи наместо во Будимпешта, завршиле во Букурешт.

Група на Французи, вработени во ИТ компанија, слетале во Букурешт, и почнале да го бараат стадионот.

Во тоа им „помогнале“ навивачите на Украина кои исто така слетале во романската пресполнина во тој момент, па заедно се упатиле кон стадионот. Потоа шок. Поради неразбирање на јазикот, разбрале дека се 500 километри оддалечени од нивната крајна дестинација.

Французите купиле три карти за Букурешт, а три за Будимпешта, и на крајот сите завршиле во Романија. Агенцијата која им ги продала авионските карти, им кажала дека го добиле она што го барале, а тоа што не знаеле како се вика градот, тоа не било нивна грешка.