ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

1:02 PM 4/19/2024 Времето во Скопје: 14°C

Во чие име говори Азески, на Владата или на олигарсите?

страна.мк

04/03/2021

Во чие име говори Азески, на Владата или на олигарсите?

„Собранието да не ги кочи економските закони“. Ова беше една од последните пораки на вечниот претседател на Стопанската комора Бранко Азески. На настанот организиран во Комората заедно со владините претставници Азески дебатираше за економската состојба и индиректно ги обвини пратениците од опозицијата дека со неносењето на економските закони се задава удар врз бизнисите и стопанството.

Остана нејасно во чие име говори претседателот Азески, во име на Владата или во име на големите олигарси.!?

Доколку низ годините се анализираат активностите на Азески и неговата комора, може да се забележи дека реакција има само кога се загрозените бизнис интересите на големите олигарси.

Затоа честопати и оваа комора е нарекувана како комора на олигарсите и бизнисмени кои направија капитал за време на транзицијата.

Токму тоа и во минатото беше причина за незадоволството на малите бизнисмените, кој пак се многу клучен фактор за развојот на една економија.

Па така поради огромното незадоволство кое се појави кај нив, се формираа и други стопански комори, како на пример Сојузот на стопански комори која ги застапува малите бизнисмени. Голем дел од бизнисмените ја напуштија комората и ја формираа ССК, па дури влегоа и во отворен конфликт поради тоа што побаруваа дел од просторот во зградата во центарот на Скопје, каде што е СКМ.

Многу компании исто така коментираат дека иако се членки, не се активни чинители во работата на комората, затоа што нема суштинска дебата за подобрување на бизнис климата.

Низ годините, наместо институција која треба да ја критикува власта за лошите економски одлуки, оваа комора е ставена во скутот само на големите биснисмени и реагира секогаш кога се загрозените нивните интереси.

И додека останатите комори речисти секојдневно ја критикуваат власта за лошите закони, за несоодветните мерки, за проблемите со кои се соочуваат, Стопанската комора на чело со Азески во најголем дел ги подржуваат владините политики или пак „млако“ ја критикува работата на Владата.

Во претходниот состав на СДСМ, вицепремиер беше бизнисменот Кочо Анѓушев кој директно дојде од оваа Комора, а кој и денес е дел од неа, како нејзин потпретседател.

Кога недостасува критиката кон власта, претседателот Бранко Азески многу често зборува за теми од типот дека компаниите мора да бараат нови пазари, дека во регионот трговијата треба непречено да се одвива и така натаму, но ниту збор за суштинските работи. Но затоа Комората побрза да го смени името и сега е Стопанска комора на Северна Македонија