ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

8:29 AM 11/30/2022 Времето во Скопје: 14°C

Ковачевски: За 20 дена АНБ ќе има нов директор

страна.мк

24/11/2022

Ковачевски: За 20 дена АНБ ќе има нов директор

За 20 дена од денеска Агенцијата за национална безбедност ќе има нов директор. Вчера, Владата одржа затворена седница на која директорот информираше за случајот со добивањето на македонско државјанство на Украинецот Олесандар Онишченко. Не сум во можност да ви дадам повеќе информации бидејќи седницата беше затворена. Имаше соопштение од страна Владата во врска со заклучокот за одземање на државјанството, истакна денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски одговараше на прашање на пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој го праша дали во овие пет месеци откако е премиер знаел за Онишченко, односно дали директорот на АНБ Димовски го информирал.

Откако премиерот не одговори директно на прашањето, пратеникот Милошоски рече дека Ковачевски морал да биде информиран дека му е доделено државјанство на Онишченко, посочувајќи дека тој е четврти на црната листа на САД, посочен како разузнавач на рускиот претседател Владимир Путин.

Онишченко, според Милошоски, има воспоставено врски во земјава уште кога Зоран Заев беше премиер за да носи гас. Тоа, како што кажа, го знаел Ковачевски, но не смее да каже поинаку.

 

Претходно, во делот на одговори по писмен пат пратеничката Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ го прочита одговорот од претседателот на Владата за тоа колкава количина на јаглен е набавена за потребите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, од кои земји, по која цена и колку средства се досега исплатени.

– За РЕК Битола набавени се 223 637 тони јаглен од Грција и Албанија, за РЕК Осломеј набавени се 414 136 тони јаглен од Македонија, Грција, Албанија и од Косово, прочита Ангелеска, наведувајќи дека ова се однесува само за 2022 година.

Од почетокот на годинава за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се исплатени, според неа, две милијарди 29 милиони и 500 илјади денари или 33 милиони евра.

-Ако го пресметаме во количина на јаглен и работни денови на РЕК Битола, ако работат двата блока со полн капацитет тоа се 27 работни дена, ако работат трите блока тоа се само 18 работни дена, рече пратеничката.